MKDNews.com

Пресуда:Затвор за шестмина скопски киднапери

јули 06
15:57 2013

Шест години затвор за еден од обвинетите и уште по пет за останатите тројца, за киднапирањето на скопјанката кај Смилковското Езеро, објави Канал 5. Обвинетите пред судот негираа дека ја малтретирале и принудно ја натерале да потпише нотарска изјава дека ќе го врати долгот од 10 илјади евра за кирија и за неплатени сметки.

На осудените паралелно им е продолжен и притворот до правосилност на пресудата. Меѓу обвинетите има и полицаец. Одбраната и блиските на обвинетите коментираат дека казните се превисоки. Киднапираната скопјанка побарала три милиони денари отштета, а Кривичниот суд со дополнителна пресуда ќе одлучи за висината на материјалната и нематеријалната штета, вели нејзиниот адвокат.

Во текот на судењето обвинетите негираа дека ја киднапирале, ја тепале и ја однеле кај Смилковското Езеро за да ја присилат да потпише изјава пред нотар дека ќе го врати долгот од над 10 илјади евра за неплатени сметки и други долгови од времето кога живеела под кирија во стан на еден од обвинетите. Тврдеа дека сама се согласила да потпише нотарска изјава и не ја допреле со прст. Беа уапсени утрото на 13-ти април додека чекале да се отвори нотарска канцеларија во Ченто.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.