“Правда за Трејвон“ : Протести во 100 градови во САД (видео)
Една недела откако судот во Флорида го најде Џорџ Зимерман дека не е виновен за смртта на невооружаниот тинејџер Трејвон Мартин, луѓето почнаа да се собираат на национално ниво и вршат притисок на федералните власти на САД за да биде поднесена тужба против Зимерман за кршење на граѓанските права Трејвон Мартин.
Свештеникот Ал Шарптон е еден од организаторите на поворката “Правда за Трејвон” и предложи собири пред федерални згради во најмалку 101 градови во САД: од Њујорк и Лос Анџелес преку да Вичита, Канзас, и Атланта, стотици луѓе се собраа пред основните на федералните судови, блокираќи го сообраќајот на околните улици во центарот на градовите.
Овие протести „и` испраќаат на целата земја порака дека нема да чекаме со скрстени раце”, изјави за CNN таткото на Трејвон, Трејси Мартин, пред почетокот на протестите во Мајами. Мајката на убиеното момче Сибрина Фалтон, ја предводеше поворката во Њујорк.
Пресудата на поротата на судот во Санфор на Флорида минатата седмица наиде на реакција и во Белата куќа, каде што претседателот Барак Обама, првиот црн претседател во историјата на САД откако претходно седмицата побара да се почитува системот и одлуката на поротата, во петокот изјави дека и самиот „пред 35 години би можел да биде Трејвон Мартин”.
„ Кога Трејвон Мартин беше застрелан, јас реков дека тоа можеше да биде мојот син. Поинаку кажано, Трејвон Мартин можев да бидам јас пред 35 години, изјави Барак Обама, претседател на САД Американскиот претседател повика повторно да се разгледаат државните и локални закони, кои го уредуваат правото на легитимна самоодбрана.
Седумнесет годишниот Мартин беше смртно застрелан во февруари 2012 од двесетидевет годишниот белец Џорџ Цимерман, кој на судот минатата седмица беше прогласен за невин и ослободен, бидејќи , како што се наведува, пукал во самоодбрана.
Атланта
Минеаполис
Лос Ангелес
Њујорк
Мајами Флорида
Јексонвил Флорида
Поп ѕвезди Бијонсе и Нејзиниот маж Џеј Зи се приклучија во протестите за “Правда за Трејвон Мартин” во Њујорк.
Beyoncé and Jay Z attend “Justice For Trayvon” rally in New York City (3) – July 20 pic.twitter.com/g40kKITBpm
— Beyonce Lite (@BeyonceLite) July 20, 2013
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment