MKDNews.com

Повеќе од 200 поддржувачи на опозиционерот Навални приведени во Москва (видео)

јули 19
18:09 2013

Рускиот суд денеска привремено го ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални, но му воведе ограничувања за патување, додека да биде донесена конечната одлука по неговата жалба на пресудата, со која судот во Киров го осуди на пет години затвор поради незаконско присвојување пари од државно претпријатие.

ne-evinovenОбвинителството ненадејно побара на Навални да му биде дозволено одлуката да ја чека во домот.

Синоќа над 200 демонстранти беа приведени синоќа во Москва, каде илјадници лица се собраа во знак на протест против судската одлука за Навални, објави невладиниот сајт ОВД-Инфо.

Според сајтот, синоќа во Москва биле приведени 209 лица, од кои повеќето се ослободени, но против некои од нив се покренати обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир. Руската полиција се уште не ја потврдила оваа информација.

Илјадници лица се собраа вчера во центарот на Москва, за да го изразат своето незадоволство од вчерашната одлука на судот во градот Киров (900 километри источно од Москва), со која Алексеј Навални е осуден лидер на пет години затвор за незаконско присвојување пари од државно претпријатие.

Полиијата синоќа соопшти дека во протестите учествувале 2.500 лица, а според опозицијата нивната бројка изнесувала десет илјади.

Навални, кој е кандидат за градоначалник на Москва на изборите на 8 септември, тврди дека обвиненијата за кои е осуден се лажни. Тој исто така најави дека во 2018 година ќе учествува на претседателските ибори. Доколку пресудата биде потврдена од апелацискиот суд, тој ќе ја загуби можноста да учествува на изборите.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment