Поштата во Кочани олеснета за 50.000 евра
Три лица од Кочани, вработени во подружница на АД Македонска пошта, незаконски присвоиле 50 илјади евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Против нив поднесени се кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.
Еден од пријавените, според информациите на полицијата, во периодот од 2009 до 2011 година во 13 случаи подигнал средства од трезорот на поштата во Кочани како премии за редовно работење, а во 11 случаи изготвил документација за фиктивни вишоци на пари што си ги присвојувал за себе.
Останатите пријавени се осомничени дека не воделе евиденција за состојбата на трезорот и не вршеле проверка на документите што ги добивале од првопријавениот.
На овој начин, пријавените предизвикале материјална штета на АД Македонска пошта во износ педесет илјади евра.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment