MKDNews.com

Попоски:Бараме решение за името зашто сакаме во ЕУ и во НАТО

јули 26
16:28 2013

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето пред учесниците на Четвртата Глобална конференција на ОМД осврнувајќи се на македонската надворешна политика од осамостојувањето до денес изјави дека членството во ЕУ и НАТО се стратешки цели на Македонија, а спорот за името е пречка на тој пат.

„Бараме решение со нашиот јужен сосед затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Покрај, тоа што во учебникот пишува дека тоа е базирано на меѓународно право има едно друго, многу посилно право, а тоа е кога сте внатре во клубот можете да имате однесување кое не ви е дозволено кога сте надвор од клубот. Парадоксот е тоа што ние имаме кристално чисто досие и ги исполнуваме сите критериуми во однос на нашиот јужен сосед, но повторно го немаме консензусот во Советот, односно Грција сепак обезбедува да нема едногласна согласност за да добиеме почеток на преговори и е нешто што е толерирано“, вели Попоски

Според него, причина повеќе да бидеме дел од тие семејства и да бидеме дел од тие што ги носат одлуките е обајснувањето кое важи во политката, а тоа е „ако не сте на масата, тогаш сте на менито“, односно „некој друг ви ја крои капата“.

„Токму затоа треба да го задржиме нашиот најсилен аргумент дека сме во право, ги исполнуваме критериумите, а тоа не го велиме затоа што така ни одговора, туку го вели најрелевантниот орган на ОН во делот на меѓународното право – Меѓународниот суд на правдата со пресудата од декември 2011, каде што јасно кажува кој е во право, кој го прекршил договорот и што може да се очекува и од нас и од нив. Колку треба да го почитувате договорот, повторно зависи дали сте внатре или не. Значи имате еднакви и подеднакви“ ,појаснува шефот на дипломатијата.

Тој се осврна и на приоритетите на Македонија за градење просперитетна држава.

„Успех за Република Македонија е што сме израснале како актер „ќе го биде нема да го биде“ во придонесувач на градење на глобален мир на светско ниво, дека сме исполниле голем дел од критериумите за зачленување во евроатланстксиот клуб, дека имаме изградени здрави односи со сите актери кои припаѓаат на тоа семејство и се надеваме да градиме и со оние кои ни ги поставија пречките за да не можеме да го реализираме тоа, односно ќе продолжиме да се однесуваме одговорно и конструктивно и кон соседот кој ни го отежнал во значителна мерка тој пат“, рече Попоски.

Како приоритети на македонската дипломатија ги наведе економската дипломатија и јавната дипломатија, кон која придонесуваат и Македонците од дијапсората, бидејќи со своето однесување и работење го градот имиџот за државата во средините и државите каде живеат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.