MKDNews.com

Полициско – родителски контроли вечерва во Струга

јули 26
15:24 2013

Секторот за внатрешни работи од Охрид во рамки на акцијата „Мешани патроли“ вечерва во Струга од 23 часот ќе спроведе контроли во угостителските објекти и на местата каде што се движат младите.

Акцијата е дел од проектот „Мешани партоли“ кој се реализира во соработка со Советодавната група на граѓани, како и со претставници на Советот на родители и на училишните одбори од струшките средношколски центри и од Центарот за социјална работа и медиумите.

– Овој проект има превентивен карактер и во неговите рамки ќе бидат посетени угостителските објекти и локациите каде што најчесто излегуваат младите стружани навечер. Ваква акција кога вроди со плод реализиравме минатиот петок во охридските угостителски објекти и на местата каде се движат младите охриѓани и таа беше повеќе од успешна, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Проектот „Мешани патроли“, како што најавуваат од полицијата ќе продолжи и во иднина.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.