MKDNews.com

Погледнете го моментот кога се урна авионот во Сан Франциско (видео)

јули 08
03:54 2013

Авионската несреќа која се случи во саботата во која две лица загинаа, а 180 беа повредени, е снимена во целост благодареќи на Фред Хејс  кој снимал авиони како слетуваат и полетуваат и го снимил моментот на несреката , а оваа снимка Американската телевизија Си-Ен-Ен ексклузивно го објави

Авионот летал на опасно мала висина, до толку што патниците можеле да го видат океанот на 3 метри под нив. По неколку секунди, авионот удрил во пистата, при што загинале две 16-годишни девојки од Кина, 182 се повредени, а 123 патници се неповредени.

Компанијата Азијана ерлајнс ги идентификувала двете загинати Кинески како Ванг Линџија и Је Менгјан. Во авионот биле околу 70 студенти од Кина, кои оделе на летен камп.

Претседателката на НТСБ, Дебора Херсман, за телевизијата Еј-би-си изјавила дека во лабораторијата на НТСБ во Вашингтон се испратени „црните кутии“ – снимачот на податоците за летот и за ефикасноста на клучните уреди на воздухопловот, и снимачот на разговорот во пилотската кабина.

Претседателката на НТСБ рекла дека се надева дека во наредните денови ќе биде можно сослушувањето на пилотот.

Боингот 777 на јужнокорејската компанија Азијана ерлајнс во саботата неуспешно слета на пристигнувањето од Сеул и се запали на пистата на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско, откако опашот на авионот удри во земја.

„Кога ќе се погледне авионот, штетата е очигледно огромна“, рекла Херсман, која смета дека со оглед на обемот на несреќата, „можело да биде и полошо“

[print_gllr id=10275]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment