MKDNews.com

Подметнат пожар во Аеродром ,Еден пожарникар заврши во болница (фото)

јули 29
22:55 2013

Помал пожар вечерва изби во складиште за оштетени дрвени прагови од пруга, лоцирано во близина на касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром

pozar1Во пожар што избувнал во населбата Аеродром, еден од пожарникарите е полесно повреден и пренесен со итна помош до болница. Според командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски, пожарникарот бил возач на кој веројатно од високата температура на пожарот и згуснатиот чад му се слошило.

Како што информира Благоја Менковски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, иако бил забележан густ чад се работи за мал пожар со незначителна штета.

„По дојавата за пожар веднаш испративме три противпожарни возила, но кога стигнавме на местото на настанот увидовме дека се работи за незначителен пожар и две возила веднаш повлековме во базата. Едно противпожарно возило остана на терен за да го локализира пожарот“, изјави Менковски за Сител.

Тој посочи дека најверојатно станува збор за намерно подметнат пожар при кој само незаначително се оштетени складираните стари дрвени прагови.

Фото: Телеграф.мк/libertas.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment