MKDNews.com

Почна акцијата „Милион потписи за една албанска држава“

јули 23
21:11 2013

Албанците почнаа масовна акција со која ќе направат притисок врз меѓународната зедница да се реализира нивна цел-обединување на Албанците во единствена држава, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Де Пресе, пренесува МИА

-До ноември треба да се соберат милион потписи од Албанците во дијаспората, кои живеат надвор од „Природна Албанија“, изјави Кочо Данај, претседател на движењето „Природна Албанија, на прес конференција во Минхен. Весникот посебно го потенцира фактот што „ ЕУ силно се спротивставува на овој проект“.

Откако ќе се соберат потписите, петицијата ќе биде доставена, меѓу другото и до владите на Германија, Велика Британија и Австрија.

Потписите почнаа да се собираат од пред два дена на плоштадот Карлсплатц во Минхен.

Според Данај, кој е директор на албанскиот Институт за регионални прогнози „Природна Албанија“, (што ќе ги обединува Албанија, Косово и делови од Македонија, Црна Гора, Грција и јужниот дел на Србија, во кои живее албанско население) ќе се формира во 2013 година. Оваа држава, смета тој, ќе придонесе кон стабилизирање и напредок на балканскиот регион, а конечно ќе го реши и албанското прашање.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.