MKDNews.com

Почина глумецот Денис Фарина

јули 22
23:01 2013

Актерот Денис Фарина, ѕвезда на серијата „Закон и ред”, почина во 69 година од животот.Фарина починал од тромб во градите, соопштила неговата публицистка Лори де Вал.
Роден во Чикаго во 1944 година, а светската слава ја стекна глумејќи полицајци, но и мафијаши, откако минал осумнаесет години во сината униформа во реалниот живот.

Фарина филмската кариера ја започнал соработувајќи со режисерот Мајкл Ман, но не како глумец, туку како советник при снимањето на филмовите. Тој покажал заинтересираност и за професија пред камерите, па во 1981 година добил мала улога во филмот на Ман „Крадец„, за потоа да добие една од главните улоги во „Криминалистички приказни“ (Crime Stories). По тоа тој соработувал со Ман и на телевизиската серија „Пороците на Мајами“ (Miami Vice).

Меѓу неговите најпознати улоги се оние во култните филмови „Полноќна трка“ и „Фати го Шорти“, а глумеше ФБИ агент и во првиот филм за Ханибал Лектор „Ловец на луѓе“ на Мајкл Ман, како и во филмот „Снеч“ на Гај Ричи. Стивен Спилберг му довери една од улогите во филмот „Спасувајќи го војникот Рајан“, а играше и во популарната серија „Законот и редот“.

Фарина имал три деца од бракот со поранешната сопруга Патрисија, од која се развел во 1980. Во последните години тој бил во врска со глумицата Мериен Кејхил, за која тврдел дека е љубовта на неговиот живот. Зад себе оставил шест внучиња.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment