MKDNews.com

По индиската ноќ во Охрид, Субрата Рој летна за Индија

јули 14
18:54 2013

Заврши неколку дневната посета во Охрид на индискиот бизнисмен мултимилјардерот Субрата Рој .Утрово со менаџерскиот тим од компанијата Сахара Индија Паривар со приватен авиот од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле си заминаа за Индија.

Бизнисменот деновиве имаше интензивни средби со владини претставници на кои дискутираа околу инвестициите во Македонија,а слободното време го помина разгледувајќи ги културно историските знаменитости и низ прошетки во градот и охридското езеро .

Субрата Рој освен инвестицијата во агрокомбинатот „Џумајлија“планира инвестиции во филмската индустрија и туризмот.

Бизнисменот синоќа приреди гала вечер на плажата на хотелот Славија Спектар кој сега е дел од Сахара групацијата на која присуствуваат премиерот Никола Груевски,министри ,претставници од дипломатскиот кор и други познати личности кои уживаа во прекрасната изведба на познатата боливудска пејачка и глумица ,звуците на индиската и староградска охридска музика а забавата ја збогати и македонската ѕвезда Есма .

Сахара Индија Паривар поседува десетици компании и има над милион вработени лица. Групацијата има компании во делот на недвижнини со проекти за изградба на населби, има големи инвестиции во делот на спортот во крикет, формула еден, поседува неколку медиуми, хотели во Лондон и Њујорк, Мумбаи, осигурителна компанија, во делот на производство на електрична енергија, здравство, студио за изработка на филмови, ИТ технологијата, туризам и образованието.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment