MKDNews.com

По 20 години отворен апартманот на Тито во Јастрепц (видео)

јули 21
21:14 2013

Раководството на ИМК „14-ти октомври“ од Крушевац го заврши обновувањето на својот хотел „Равниште“ на Јастрепц, во кое 1963 година престојуваше Јосип Броз Тито и од денес ова одмаралиште по 20 години започна повторно да работи.

„Први гости во реновираниот хотел ќе бидат претставници од Министерството за одбрана, односно од Воено-техничкиот институт-изјави за „Танјуг“ извршниот директор на „14-ти октомври“ Бранимир Вучетиќ.

„Овој хотел е изграден во 60-тите години и е составен од осум соби и еден апартман, а дека е репрезентивен говори и фактот дека претседателот на поранешна СФРЈ Јосип Броз Тито во 1963 година престојувал во него – потсети Вучетиќ.
Хотелот кој што 20 години воопшто не е користен за комерцијални цели се планира да работи цела година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.