MKDNews.com

Пешевски: Врската со дијаспората не смее да се изгуби

јули 27
22:03 2013

Врската со дијаспората не смее да се изгуби. За Македонија е добро што поголем број млади луѓе од втората или третата генерација иселници да доаѓаат во земјата на нивните корени, со тоа ќе имаат можност да видат што се случува во Македонија која се менува, а некои од нив да препознаат и можност и за бизнис инвестиција покрај за туризам, порача вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Четвртата Годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора.

Најчесто прашањето на просечен македонски граѓанин е македонската дијаспора дека треба да помогне, да донира, да дојде овде и да отвора нови работна места. Тоа, според пешевски, е добро да се случува, но сепак пристапот треба да биде малку поинаков.

7E68A13EEAD8033E9CDE38D4FE680225– Кога се работи за инвестиции секој гледа да направи добар профит, оти ако нема добар обрт никој нема да инвестира, ниту дијаспора, ниту алтруист. Мора да се препознае можноста дека во Македонија може да се направи подобро. Тоа доколку го видите е одлично. Но, она што може да да се направи реално е поголем број од вас да земат македонски пасоши, поголем број од вас да инсиситираат кај помладите генерации да земат македонски пасош, да доаѓаат и да ја посетуваат Македонија. Тоа ќе биде повеќе од доволно. Улогата на дијаспората за опстанокот на Македонија во идните години ќе биде се поголема. Односите помеѓу етничките заедници во Македонија се менуваат. Бројките се менуваат и многу ќе биде важно бројноста на Македонија и на Македонците да ја задржиме и ја растеме во годините што доаѓаат. Тоа ќе биде важно и за економските ефекти, истакна Пешевски.

Тој посочи дека како Влада тоа ќе го помогнат, бидејќи што поголем број имаат пасоши и што поголем број ќе гласаат тоа ќе значи директна поддршка за економските политики што се спроведуваат во државата. Појасни дека оваа Влада се карактеризира со тоа што голем дел од нејзините членови доаѓаат од приватниот сектор, се едуцирани или работеле во странство и се обидува да функционира како западна компанија, која сака да помогне на сите инвеститори кои ќе дојдат во земјата.

– Само на тој начин ќе имаме одржливи инвестиции и само на тој начин ќе помогнеме на нашата држава, потенцира Пешевски.

Тој се осврна на успехот на земјата со владините координирани политики да се справи со предизвиците во економијата и во финансискиот сектор во услови на светската и финансиска економска криза. Во однос на стратегијата за привлекување странски инвестиции, подвлече, целта е да создадат што поповолна бизнис клима и укажа на постигнувањата на тој план потврдени и во извештаите Дуинг бизнис на Светска банка, која Македонија ја рангира на 23 место, најдобро од земјите во регионот, едно место зад Германија. Според него, кога се зборува за инвестициите не треба да се зборува само за странските, туку вкупно за реалните инвестиции кои ги вклучуваат и домашните и инвестициите на државата.

– Во Македонија бруто нивото на инвестиции како ставка во БДП прв пат ја премина цифрата од една милијарда евра во 2006 година, а прв пат ја преминавме границата од две милијарди евра во 2011 година, цело време во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Пешевски.

2404C53EB10064BBEBC7CBE53B30C4DAСпоред гувернерот Димитар Богов вкупните дознаки од странство се стандардно високи, изнесуваат 18-20 проценти од БДП и покриваат најголем дел од трговскиот дефицит. Појасни дека од нив на приватните трансфери отпаѓа 60 отсто. Тој информира дека првите четири месеци странските директни инвестиции изнесуваат околу 70 милиони евра, а проекциите се меѓу 200 и 300 милиони до крајот на годината.

– Точната бројка ќе зависи и од тоа колку ќе имаме одливи. Оваа година очекуваме помалку одливи од минатата година. Но, кога говориме за странските директни инвестиции треба да говориме за нивниот квалитет. Во последните 2-3 години имаме инвестиции кои се насочени во реалниот сектор, каде има нови вработувања и нов извоз. Тоа е многу поголем ефект отколку кога некој странски инвеститор ќе купи готов објект и нема ниту производство, ниту нови вработувања, рече Богов.

Претседателот на Управниот одбор на ОМД НСтојан Николов истакна дека дијаспората сака да помогне и да инвестира во Македонија а еден од начините се патриотски обврзници по примерот на Израел.

Според претседателот на ОМД, Мето Колоски, проценката дека дијаспората годишно внесува 1,6 милијарди евра годишно, не е реална и проценува дека е таа поголема. Има, вели, интерес кај дијаспората и таа веќе инвестира во татковината, главно во мали и средни претпријатија, во ИТ-секторот, агробизнисот, а нјамногу може да помогне во туризмот и промоцијата на земјата и нејзините производи.

Во рамки на Годишната конференција денеска се дебатираше на тема „Економски развој на Македонија-привлекување инвестиции“.

(миа)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.