Перо Антиќ – првиот Македонец во НБА
Првиот македонски кошаркар што ќе настапува во НБА лигата ќе биде Перо Антиќ откако потпиша едногодишен договор (со можност да го продолжи на уште едена) со Атланта хоукс, објавил на својот Твитер профил, неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ. Тој дополнил дека капитенот на македонската кошаркарска репрезентација преку Франкфурт заминал во Соединетите американски држави, каде треба да ги обави потребните медицински прелгеди, по кои ќе го стави потписот за „јастребите“.
Доколку се мине во најдобар ред Антиќ ќе биде член на Атланта и ќе стане првиот македонски кошаркар што ќе настапува во најсилната кошаркарска лига во светот. Македонскиот репрезентативец во 2003 година беше дел од НБА драфтот, но се откажа пред да започне и сега како слободен агент ќе може да игра за „хоукс“.
Антиќ во изминатите две години настапуваше во Олимпијакос со кого му истече двегодишниот договор. Со Грчкиот тим тој ја освои шампионската титула во Евролигата двапати по ред.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment