Перо Антиќ пристигна во Атланта (фото)
Перо Антиќ пристигна во Атланта, и Филипс Арената домот на Атланта Хокс, за кого утре капитенот на Македонската Кошаркарска Репрезентација ќе потпише двегодишен договор, и со тоа ќе стане првиот македонец кој заиграл во НБА најслината кошаркарска лига во светот.
Антиќ се очекува да потпише двегодишен договор од што првата година му е целосно загарантирана што значи дека клубот не може да го отпушти туку само да ги испрати во друга средина или во развојната НБДЛ-лига со обврска да му го исплати во целост финансискиот дел од договорот.
Засега нема официјални информации околу тоа колку крилниот кошаркар ќе заработува во дресот на „јастребите“, но тоа не може да биде под 500.000 долари по сезона со оглед на тоа што таа сума е минималецот за недрафтуван дебитант во најсилната лига на светот. Шпекулациите велат дека за првата година од договорот Антиќ би заработил најмалку еден милион долари со што би влегол во избраното друштво на само неколку македонски спортисти што во својата кариера потпишале имале милионска годишна плата.
Капитенот утре ќе треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи и ако се биде како што треба да го парафира дилот со Атланта. Неговото враќање во Европа се очекува за петок кога ќе треба да и се приклучи на остатокот од репрезентацијата на подготовките за Европското првенство (ЕП) во Словенија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment