MKDNews.com

Перо Антиќ ќе носи број 1 во Атланта?

јули 27
20:35 2013

Првиот Македонец во НБА, Перо Антиќ кој минатата недела потпиша договор со Атланта Хокс, побарал да го носи дресот со број 1, јавува Макфакс.
Барањето на Антиќ моментално се разгледува, а токму овој број, македонскиот кошаркар го побарал поради симболиката, бидејќи е првиот Македонец кој ќе заигра во НБА лигата. Инаку дресот со бројот 1 во моментов е слободен а минатата сезона истиот го носеше Американецот Џереми Тајлер, кој веќе не е дел од екипата на Хокси.
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација ќе го носи дресот на Хокси од крајот на октомври, кога и официјално ќе започне да го одработува новиот договор.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment