Паско Кузман ја нуди куќата за да му се укине притворот
куќниот притвор е за Паско да не побегнел, а тој ја нуди куќата како гаранција за да излезе од неа.
Паско Кузман ја понудил семејната куќа во Охрид како гаранција за Судот да му го укине домашниот притвор, што му беше изречен поради сомневање дека нелегално давал дозволи за археолошки ископувања вели Неговиот адвокат Александар Новаковски за Канал 5.
Судот проценил дека постои опасност од бегство но поради возраста, тоа што дал целосна одбрана и затоа што обвинителството го повлекло предлогот за притвор му беше одреден домашен притвор.
Познатиот археолог е осомничен дека ја злоупотребил службената положба како директор на Управата за заштита на културното наследство односно дека нелегално давал дозволи за ископување на археолошки локалитети и го оштетил буџетот за повеќе од 1 милион денари.
Останатите 16 мина кои во мај паднаа во акцијата Фаланга два се осомничени и дека вршеле илегални ископувања и одземале археолошки предмети од непроценлива вредност, кои потоа ги продавале во странство. Меѓу нив и раководител во Управата. Тогаш Кузман не сакаше да коментира за апсењата на негови колеги.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment