MKDNews.com

Овие луѓе се осомничени за убиство на жената во Аеродром (фото)

јули 11
19:17 2013

Синот наркозависник наводно ја убил 58-годишната скопјанка Ј.Н која пред неколку дена беше пронајденa мртва во нејзиниот стан во Аеродром.Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје Кривична пријава против А.П.(30) поднесе поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „убиство“ и против С.Б.(24) осомничен дека извршил кривично дело „помагање“ во врска со неодамнешното убиство во населбата Аеродром,пренесе Курир.

Двајцата осомничени се приведени и заедно со доказниот материјал изведени пред надлежен Истражен судија кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.

Убиството, според досегашните сознанија, информираше на денешната прес – конференција портпаролот на МВР Иво Котевски, А.П. го извршил на 29.06.2013 година, во стан лоциран на бул. „Јане Сандански“ бр.37 во Скопје, сопственост на неговата 57-годишна мајка Јованка, со иста адреса на живеење, каде околу 23:30 часот со неколку удари со метална шипка и нанел повреди на главата од кои истата веднаш починала. Потоа со патничко моторно возило „Даеву Нексија“ со скопски регистерски ознаки, управувано од второосомничениот избегале во Охрид.

Имено, на 29-ти минатиот месец, првоосомничениот кој бил во Охрид телефонски му се јавил на неговиот пријател кој се наоѓал во Скопје и го замолил да дојде со возило по него за да го однесе во Скопје. Двајцата веднаш се вратиле во Скопје и околу 23:00 часот, второосомничениот со возилото го довел првопријавениот во населбата Аеродром и го оставил на паркингот во близина на станот на неговата мајка, каде тој преку отворениот прозор од детската соба влегол во станот. Додека неговата мајка спиела во спалната соба, со метална шипка која претходно ја обезбедил, неколку пати ја удрил по главата и телото.

– Откако се уверил дека мајка му е мртва, започнал со претурање во станот, по што излегол низ вратата од терасата и на паркингот откако го причекал неговиот пријател повторно се качил во возилото со кое преку заобиколницата пристигнале во населбата „Ѓорче Петров“, појасни Котевски.

Таму, подвлече портпаролот на МВР, второосомничениот од бензинска пумпа на „Макпетрол“ во шише купил едно литро нафта и по стариот пат со возилото преку село Сарај се упатиле кон Тетово. По 10-тина километри движење, застанале во атар на село Ласкарци и на земјен пат се симнале од возилото, по што првоосомничениот со нафтата ја запалил облеката, а во блискиот поток ја фрлил металната шипка со која го извршил убиството врз неговата мајка. Потоа, двајцата со возилото продолжиле кон Охрид.

На 08.07.2013 година, околу 19 часот, заради неподносливата реа во влезот 3 од зградата бр. 37 на булевар „Јане Сандански“, од страна на група станари е пријавено во полиција. Униформирани полициски службеници влегле во станот преку отворената балконска врата и го пронашле безживотното тело на Јованка Најдова.

– По преземените оперативно-тактички мерки на 09.07.2013 година во Полициската станица Кисела Вода беше приведен првопријавениот со кој беше извршено и полиграфско тестирање, рече Котевски и додаде оти мотивите се уште не се познати, но најверојатно се финансиски.

Инаку, А.П. и претходно и е познат на полицијата.

Вчера бил повикан и второпријавениот, а од него со потврда е одземено и патничкото возило „Даеву Нексија“ кое дополнително ќе биде вештачено.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.