MKDNews.com

Поранешен осуденик сега потпреседател на СДСМ (фото)

јули 28
18:03 2013

Еден од новоизбраните потпретседатели на СДСМ е Александар Кирацовски од Битола, бил осуден на условна казна за учество во тепачка во 2001 година во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди од убоди со нож, пишува Нетпрес.

До редакцијата на порталот Нетпрес пристигнале пресудите од основниот суд во Битола и потврдената пресуда од Апелациониот суд, во кои јасно се гледа дека лицето Александар Кирацовски, сега потпретседател на СДСМ бил осуден на условна казна за учество во тепачка во 2001 година во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди од убоди со нож.

Според приложените документи на 7 април 2001 година, Александар Кирацовски пред кафе барот „Танга“ во Битола учествувал во масовна тепачка во која биле вклучени поголем број млади лица. Едно лице тогаш се здобило со потешки телесни повреди од убоди со нож во пределот на лицето и убодна рана во левата страна на градниот кош.

kiracovski1500

kiracovski2500

Кирацовски заедно со останатите учесници во тепачката бил прогласен за виновен и осуден на условна казна. Тој, освен за ова дело, во 2003 година бил осуден и за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Истиот Александар Кирацовски беше избран во новото раководство на СДСМ како потпретседател на партијата, со што во јавноста се отвора моралната дилема, дали лице кое што учествувало во насилство со тешки телесни последици, било правосилно осудено за тоа, може да извршува ваква висока партиска и политичка функција.

Во СДСМ пред неколку дена се огласија барајќи морална одговорност за новонаименуван раководител на подружницата на Македонски пошти во Куманово. За истиот случај со осуда излезе и ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето е зошто СДСМ не постапи исто и за нивниот висок партиски функционер, за кој постои и правосилна судска пресуда потврдена од апелационен суд.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment