MKDNews.com

Основен суд Скопје 1:Со протестите се врши упад во независниот судски систем (видео)

јули 25
18:07 2013

Поединци и групи го злоупотребуваат медиумскиот простор преку различни иницијативни одбори со организирање на протести пред судот се прави упат во независноста на судскиот систем, реагираат од Кривичниот суд во врска со денешниот протест на новинарите кои излегоа да го изразат револтот од продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски.
„Најостро реагираме на вака воспоставената медиумска пракса за вршење притисок врз судот од страна на поединци и групи кои на овој начин злоупотребувајќи го медиумскиот простор преку таканаречени форми на слобода на изразување го изразуваат незадоволството од очекуваниот тек на постапката, па со оваа цел, преку различни „иницијативни одбори” и други интересни групи, со организирање на протести пред судот ставајќи се над законот и уставот на Република Македонија која има долгогодишна демократија и преку своите институции, а особено преку судската власт ги гарантира човековите права и слободи. Со ваквото постапување од поединци и групи се прави упад во независното функционирање на судскиот систем и примена на законите, се загрозува правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните” се вели во соопштението од Судот.

Според Судот, се протестира против законски определена мерка во постапка во која има повеќе обвинети лица, а новинарот се ставал во привилегирана положба во однос на другите обвинети, меѓу кои има судии, обвинители, адвокати.

„Со ваквите постојани притисоци од страна на таканаречениот иницијативен одбор кој континуирано се вршат во изминатиот период преку најразлични форми, обвинетиот новинар се става во привилегирана позиција во однос на останатите обвинети за кои исто така е определена мерка притвор, при што на овој начин се злоупотребува позицијата што истиот извршувал дејност новинар за да се прикаже во јавноста дека во Република Македонија се ускратуваат правата на слобода на изразување” пишува во соопштението.

Против осомничените е подигнато обвинение, кое, според судот, предвидува високи казни затвор, па кривичниот совет утврдил дека единствено мерката притвор ќе го обезбеди присуството на истите на главниот претрес.

„Секако не значи дека доколку во понатамошниот тек на постапката се променат околностите односно престанат законски основи за опстојување на мерката истата може да биде заменета со поблага, при што таквите факти и околности судот и по службена должност ќе ги цени за сите обвинети подеднакво, а не само за некои од нив” се додава во соопштението.

Новинарите во четврток протестираа пред судот и побараа слобода за Кежаровски и го повикаа да престане со штрајкот со глад

-Најостро реагираме на вака воспоставената медиумска пракса за вршење притисок врз судот од страна на поединци и групи кои на овој начин злоупотребувајќи го медиумскиот простор преку таканаречени форми на слобода на изразување го изразуваат незадоволството од очекуваниот тек на постапката, па со оваа цел, преку различни „иницијативни одбори“ и други интересни групи, со организирање на протести пред судот ставајќи се над законот и уставот на Република Македонија која има долгогодишна демократија и преку своите институции, а особено преку судската власт ги гарантира човековите права и слободи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment