MKDNews.com

Ослободителната пресуда за Зимерман ја разбранува САД (видео)

јули 14
17:27 2013

На  поротниците во Флорида им требаа 16 часа да го ослободат од сите обвиненија – по што следуваше бурна реакција на демонстранти кои бараа Зимерман да биде осуден за убиство.

-,,Моето најголемо разочарување е што целиот свет знае дека Џорџ Зимерман го призна убиството,,изјави еден демонстрант.

17 годишното момче Тревон Мартин бил невооружен кога добил смртоносен истрел во градите од Џорџ Зимерман, но неговата одбрана тврдеше дека Зимерман бил нападнат од момчето кое дури се обидело да му го одзеде пиштолот .

Законот во Флорида дозволува употреба на сила доколку некој се почувствува загрозен – поради овој закон Зимерман со недели по убиството не беше ниту уапсен.
,, Воодушевени сме од резултатот, Џорџ Зимерман никогаш не ни беше виновен, само сакаше да се заштити во самоодбрана ,, изјави Мрак о Мара бранителот на Зимерман.

“Во поротата од шест членови што ја донесе пресудата сите биле жени со бела боја на кожата освен една – објавија американските медиуми.

Судењето кое траеше точно една година а во живо го пренесуваа сите телевизиски мрежи доби и политичка димензија кога американскиот претседател Барак Обама изјави дека доколку би имал син, тој би личел на убиениот тинејџер Тревон. Во Америка се уште е свежо секавањето на крвавите протести кои избија по ослободителната пресуда во 92 та на полицајци белци кои до смрт претепаа црнец – во еднонеделените протести тогаш загинаа 50 лица.

protest

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.