MKDNews.com

Орешарски: Да се организираат заеднички бугарско-македонски прослави на македонските празници

јули 28
15:55 2013

Бугарија продолжува да се држи на договорот за добрососедство и соработка истакна премиерот на Бугарија Пламен Орешарски по средбата со македонскиот колега Никола Груевски во Ќустендил.
Бугарија  го поддржува членството на Македонија во ЕУ и НАТО,истакна Орешарски.
Бугарскиот премиер Орешарски денес побарал од Груевски да се организираат заеднички бугарско-македонски прослави на македонските празници и заеднички славења на македонските револуционери.
“За корегирање на постојните разлики, добро би било да организираме заеднички прослави на одделни историски настани и личности, кои се толкуваат на различен начин и во двете земји”, рече премиерот на Бугарија .
“Сметаме дека назначените разлики во политички и надворешнополитички план не треба да бидат никаква пречка за развојот на билатералните односи во економски и трговски план и како план за подобра конекција на инфраструктурата. Сметаме дека тоа е важно за подобрата врска помеѓу луѓето кои живеат во двете земји.
Премиерот на Македонија Никола Груевски, пак, му предложи на бугарскиот колега Пламен Орешарски да се одржи заедничка владина седница меѓу владите на двете земји. “Би сакал да истакнам дека двете земји и народи имаат традиционални пријателски односи и партнерство”, рече Никола Груевски во изјава за медиумите по средбата со Пламен Орешарски.
Во четири очи двајцата премиери имале искрен разговор, а подоцна заедно со останатите министри од двете делегации беа дискутирани прашања од трговско-економска природа и инфраструктурата меѓу двете земји.

Пред почетокот на состанокот активисти од Бугарското ВМРО го исвиркаа Груевски.
Таканаречените Македонски Бугари  предводени од заменик-претседателот на партијата, извикаа  пред македонскиот премиер: “И порано , и сега Македонија е бугарска!”

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.