MKDNews.com

ОМД: Признавањето од Австралија нема временска рамка (видео)

јули 04
16:35 2013

Воздржаност во Обединетата македонска дијаспора по најавите на дека дека Австралија ќе ја призне Македонија под уставното име на утрешната гала вечера во Сиднеј, што македонските иселеници ја приредуваат во чест на австралискиот министер за надворешни работи, Боб Кар. Ние работиме на тоа, но нема временска рамка кога ќе се случи, вели претседателот на Обединетата макеоднска дијаспора Мето Колоски.

– Тоа можеби нема да се случи утре, можеби ќе се случи во идниот месец, два, три година можеби. Тоа не се знае. Кога Канада ја призна Македонија мене една вечер пред тоа да биде објавено ми се јавија од канадското МНР и ми кажаа дека тоа ќе се случи. Тоа не се знае може да ни се јават утре, следниот месец, можеби нема да се случи. Не се знае бидејќи таква е политиката, а дополнително наскоро има избори во Австралија, изјави Мето Колоски, претседател на ОМД.

Колоски е воздржан и околу оценката за работата на пратениците во дијаспората. Иако нивното учество во парламентот не е видливо, тој тврди дека тие сепак се активни затоа што отвориле многу врати за дијаспората во македонските институции.

-Не сум државјанин на Македонија и тие не се мои пратеници. Но,0 тие сепак ги отворија вратите за нас, запознаа многу луѓе со макеоднската дијаспора, вели Колоски.
.
Овие пратеници исто така се вклучени во организацијата на глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора што ќе се одржи во скопје од 24 до 27 јули и е посветена на 100-годишнината од Букурешкиот договор и Балканските војни. Според Колоски, оваа конференција е надпартиски и неполитички обид за обединување околу најважните прашања за да може земјата да напредува. Покрај претставници на дијаспората, најавено е присуството на целиот државен врв.

Опозицијата се уште не добила покана, но Колоски вели дека со нив ќе се сретне во наредните две недели. По завршувањето на конференцијата иселениците ќе посетат неколку градови во Македонија, како и Воден во Грција и Благоевград во Бугарија.

Од 24-27 месецов во Скопје и Охрид ќе се одржи четвртата светска конференција на Обединетата Македонска дијаспора. На неа ќе присуствуваат голем број Македонци по потекло кои никогаш не биле во Македонија но и луѓе кои немаат врска со Македонија и на кои ова ќе им биде одлична можност да се запознаат со нашата историја и култура- рече Колоски. На конференцијата ќе се зборува за 100-те години од Букурешкиот договор, со акцент на иднината.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.