MKDNews.com

Охриѓанецот што пукаше во кабарето „Беко“ избега од притвор

јули 04
08:13 2013

policijazatvorohridОсомничениот кој бил во притвор во текот на вчерашниот ден успеал да избега од охридскиот затвор, јавува Охрид Прес.
Триесет и три годишниот Б.П , кој со автоматска пушка „Калашников“ неодамна пукаше во угостителскиот објект кабаре „Беко“ во Охрид, се пожалил дека има неподнослива болка на заб и побарал итно да биде однесен на стоматолог. Затворските стражари веднаш го однеле, но итриот притвореник успеал да избга и тој сеуште не е пронајден.
Притвореник

СВР Охрид пред месец дена поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.П. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и против 42-годишниот Т.Н. од Охрид за сторено казнено дело „помагање“.

Двајцата пријавени, во кабарето побарале да бидат послужени со алкохолен пијалок, при што по кратко време, пријавениот Б.П. со пивско шише почнал да тропа по масата заради што од вработениот бил замолен да го напушти локалот. Револтиран од таа постапка, пријавените со патничко моторно возило се упатиле во домот на Б.П. од каде тој зел автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение и повторно се вратиле во кабарето каде Б.П. со нога ја отворил влезната врата и откако ја репетирал автоматската пушка веднаш испукал повеќе куршуми.

По брза интервенција на полициските службеници пријавените се приведени во СВР Охрид. На лице место одземени се автоматската пушка и пиштолот како и повеќе куршуми. При извршен преглед во патничкото моторно возило „Форд мондео“ кое претходно било управувано од Б.П. пронајдени беа уште 68 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.