MKDNews.com

Охриѓанец прегазил полицаец

јули 04
17:29 2013

Policija-OhridСекторот за внатрешни работи Охрид, против М.К.(45) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 3-ти овој месец, пријавениот со своето патничко моторно возило марка „БМВ“ го прегазил стапалото од десната нога на полициски службеник кој вршел физичка регулација на сообраќајот.
Настанот се случил во 13 часот на влезот од манастирскиот комплекс „Св.Наум“ во момент кога униформираниот полициски службеник на М.К. му ја покажал насоката каде треба да го паркира и остави моторното возило. Незадоволен од тоа и игнорирајќи ја наредбата, тој со своето возило му пристапил и застанал непосредно до полицискиот службеник барајќи од него да му биде дозволен влез во манастирскиот комплекс. Откако и вербално му било кажано дека треба да се паркира на земјениот паркинг простор, пријавениот го придвижил возилото наназад по што од истото излегле члено- вите на неговото семејство. Потоа М.К. повторно почнал да се движи кон влезот на манастирскиот комплекс при што полицискиот службеник уште еднаш со рака му ја покажал насоката кон паркинг просторот. Во истиот момент М.К. силно го стартовал возилото „БМВ“ и го насочил директно кон униформираниот полициски службеник. Притоа со предното десно тркало поминал врз неговото десно стапало нанесувајќи му телесни повреди.
По настанот, полицискиот службеник е пренесен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид каде му е дадена неопходната медицинска нега.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment