Охридскиот планинар Мишко Танески се искачи на врвот Елбрус во Русија
Познатиот планинар Мишко Танески од Охрид успеа да се искачи на 5642 метри високиот врв Елбрус во Русија.
Танески претходно успеа да се искачи на шест врва повисоки од 4.000 метри, меѓу кои и Килиманџаро, Мон Блан и Ајланд Пик на Хималаите.
Танески од самиот врв упати благодарност до сите кои помогнаа да се оствари уште еден негов сон и секако до неговите најмили Даворче, Дамјан и Наташа, без кои, како што вели, не би успеал во овој подвиг.
Елбрус е заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа. Западниот врв Елбрус е висок 5.642 метри, а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 метри. Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз (Елбурс), кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија. Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 глечери, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.
Супер радио
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment