MKDNews.com

Новинарка од Холандија силувана на Тахрир

јули 01
23:38 2013

k-bigpicВо последниот бран протести во Каиро пријавени се 46 сексуални напади

Египетските медиуми објавија вест во која тврдат дека минатиот петок неколку мажи силувале холандска новинарка на плоштадот Тахрир во Каиро.

Новинарката се наоѓа во болница и е во тешка здравствена состојба. Ова го објави египетската новинарка Дина Закариа на нејзиниот „Фејсбук“ профил, пишува Jezebel.

Ynetnews денеска објави дека жената е хоспитализирана откако ја силувале пет мажи. По оперативниот зафат таа е пуштена на домашно лекување, пишува египетскиот весник.

Египетската организација за права на жените Ahram Online, соопшти дека во текот на последниот бран на протести против претседателот Мохамед Морси на плоштадот Тахрир пријавени се 46 различни сексуални напади. Оваа организација апелира жените да не присуствуваат на протестите и да се движат подалеку од Тахрир.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.