MKDNews.com

Новинарите возвраќаат на реакцијата на Кривичниот суд

јули 26
15:14 2013

Зачудени сме што, наместо на јавноста и на граѓаните да им дадете објаснување зошто навистина новинарот Кежаровски толку долго е во притвор, вие се обидувате да ги дискредитирате и иницијативниот одбор и новинарската професија во целина, реагираат новинарските здруженија на соопштението на Кривичниот суд. Судот вчера соопшти дека протестите за ослободување на притворениот новинар се обид за нарушување на независноста на институцијата.

Вашиот таканаречен притисок врз македонското судство деновиве не го прави иницијативниот одбор, туку ОБСЕ, делегацијата на ЕУ во Македонија, Меѓународната федерација на новинари, медиумските асоцијации од Европа, здруженијата на новинарите од регионот, ИФЕКС, „Репортери без граници“, Мрежата на медиумски организации на Југоисточна Европа и СЕМО, реагираат медиумските работници.

Вчера пред Кривичниот суд протестираа и повеќе новинари кои, во организација на Здружението на новинарите на Македонија и на Македонската асоцијација на новинари, побараа Судот да ја смени одлуката и веднаш да го ослободи нивниот колега.

Кежаровски е обвинет за откривање на заштитен сведок во случајот „Ореше“. Според обвинителниот акт што пред два дена беше изготвен, новинарот е обвинет за сторено кривично дело неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите, кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.