MKDNews.com

Нови изуми на уреди кои можат да ве остават без здив (видео)

јули 29
00:58 2013

Погледнете каде оди иднината на технологијата

iKnife – скалпел

Скалпелот iKnife е изум на лекарот Золтан Такатс од лондонскиот Империјал Колеџ и претставува прилично едноставен уред – вообичаен хируршки нож кој користи топлина за да го сече ткивото, опремен со спектрометар поврзан на компјутер.

Кога ножот го сече ткивото, се јавува чад кој го „вдишува“ спектрометарот и го испраќа до компјутерот кој потоа идентификува дали се работи за здрави ќелии или ќелии од туморот. Досегашната алтернатива беше да се земе примерок и да се почека за патолошкиот наод.

До сега, iKnife е искористен во 81 операција, а штом завршат клиничките истражувања, изумителите се надеваат дека овој нож ќе биде дел од секоја операциона сала во светот.
Пенкало кое пријавува правописни грешки

Ова “паметно пенкало” функционира со помош на сензори кои се вградени во него, а кои ги следат движењата во пишувањето и обликот на буквите и на тој начин го препознаваат зборот. Кога ќе погрешите, пенкалото ќе ве предупреди со вибрирање.
Засега Лемшифт ги распознава германскиот и англискиот јазик, но доколку побуди поголем интерес, иноваторите ветуваат дека со текот на времето се’ повеќе јазици ќе бидат застапени.

Полнач за мобилен кој работи на човечка урина

Научниците од два британски универзитети успеаја да наполнат батерии на телефоните на “Samsung” користејќи човечка урина и така го отворија потенцијалот за користење на обновлив извор на енергија. Заедно со ова, овој метод би можел да ја зголеми и продажбата на пиво.

Со извлекувањето на енергијата додека урината минува низ каскадите на микробни согорливи клетки (MFC), научниците успеаја да наполнат батерија на телефон, а убавината на нивниот изум лежи во тоа што тие не се потпираат на непредвидливоста на ветерот или Сонцето, туку користат отпад за производство на енергија.

Моментално, тие успеале да извлечат доволно енергија за испраќање на СМС пораки, сурфање на интернет и краток повик, кој троши најмногу енергија. Како што потенцираат научниците, концептот работи, а сега останува на нив да го развијат за да може целосно да се наполни батерија.

 

Погледнете каде оди иднината на технологијата

iKnife – скалпел

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.