MKDNews.com

Никола Младенов загинал во несреќен случај (видео)

јули 10
18:04 2013

Сообраќајната несреќа во која загина новинарот и сопственик на весникот”Фокус” Никола Младенов, е несреќен случај. Не се работи за кривично дело за кое треба да се води постапка по службена должност.

Таа додаде дека причината за несреќата е неприлагодена брзина на автомобилот кон условите на патот, а причината за смртта е повредата, односно раскинот на аортата, за која, како што вели Гешковска, е честа повреда кај возачи во сообраќајни незгоди.
Според досегашната истрага, утврдено е дека Младенов го возел автомобилот со брзина од 142 километри на час при што удрил во банкината.

„Ова возило се движи по земјениот дел надолу и во еден момент кога удира на земјената површина, отскокнува и се врти во правецот на оската на часовникот, тоа го констатираат вештите лица, и во тој момент кога удира и на 5 метри во висина се врти, доаѓа до исфрлање на телото на покојниот Никола Младенов“, изјави Гешковска.
Прашајте ги тие од Нова Македонија што е со фискалните сметки од Нова Македонија. Ние на лице место такви траги и фискални сметки не најдовме.
Марко Зврлевски, јавен обвинител.

 

Телото на Младенов било пронајдено на 7 метри оддалеченост од возилото и, според вештачењето на неговото тело и облека, заклучено е дека тој излетал од предниот дел на шофершајбната. При ударот се вклучиле воздушните перничиња, освен тоа на совозачкото седиште, кои што ги предизвикале видливите надворешни повреди на телото.

Гешковска изјави дека не се пронајдени траги на други лица ниту во возилото ниту надвор од него.
За време на истрагата која траеше неколку месеци, од обвинителството разговарале само со неговата сопруга, која изјавила дека не знае каде бил Младенов пред сообраќајната незгода.

Не е пронајден телефонот на Никола Младенов и обвинителството не утврдило каде бил Младенов пред да се случи сообраќајката.

„Ние не утврдивме каде бил претходно“, изјави јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Гешковска вели дека судска медицина не може точно да утврди во колку часот загинал Младенов, може само да се каже дека починал ноќта меѓу 26 и 27 март.

Според листа на појдовни и дојдовни повици кон неговиот телефон, последната комуникација на неговиот број била околу 16 часот.

Камерите на патарините Скопје-Велес или ги немало или не функционирале, а на разговор не се повикани вработените на наплатните рампи, како ни други соработници на Никола Младенов, бидејќи, како што вели Гешковска, тие не се релевантни за случајот затоа што единствено очевидец на местото на настанот би им дал повеќе податоци за случајот.

Што се однесува до фискалните сметки од наплатните рампи кои што ги пронајде новинарската екипа на Нова Македонија на местото на несреќата, Зврлевски изјави дека прашањето за нив треба да се упати до медиумот, затоа што ниту до Обвинителството ниту до полицијата не се доставени.

„Прашајте ги тие од Нова Македонија што е со фискалните сметки од Нова Македонија. Ние на лице место такви траги и фискални сметки не најдовме“, изјави Зврлевски.

„Јас сакам да кажам, не само во обвинителство, тие не се предадени ниту во судот, ниту во полицијата, ниту во обвинителството“, рече Гешковска.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.