MKDNews.com

Никола Бакрачески : Ќе ја донесам Лејди Гага во Охрид?!

јули 28
18:57 2013

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, ветува дека ќе ја донесе мега популарната Лејди Гага да пее во античкиот театар.
Доктор по професија, од неодамна нов градоначалник, а од вчера и член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ покрај патриотските песни својствени на партијата во која моментално е член, сака да слуша и рок и поп.
Тој во интервјуто за Фаци на телевизијата Канал 5, вели дека сака да гледа спектакуларни концерти како тие на Мадона и Лејди Гага и дека ќе се обиде и ќе ја донесе во Охрид моментано една од најскапите музички ѕвезди, Лејди Гага колку и таа да чини.
Свежите сили во владеачката партија како што е охридскиот лекар можеби ќе направат и реформа на вкусот на конзервативците па тие покрај ората и патриотските песни ќе слушаат и играат и на поп и рок музика

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.