MKDNews.com

Неколку интересни факти за сексот кои не сте ги знаеле

јули 23
08:05 2013

Многу пати до сега сме зборувале на темата секс, но постојано се доаѓа до заклучок дека на оваа тема секогаш има нешто интересно плус што може да се каже. Денес ви претставуваме неколку факти за сексот кои можеби не сте ги знаеле.

Сексот помага да се одзатне носот

22Интересно и вистинито. Оргазмот ја потикнува носната шуплина полесно да се справи со пречката, па затоа можеме слободно да кажеме дека оргазмот е вистински лек за затнат нос. Ова е уште една причина плус редовно да практикувате секс.

Срамните влакна го зголемуваат сексуалното задоволство

На овој факт сигурно ќе гледате иронично со оглед на тоа што денешната мода скоро и не дозволува срамни влакна во пределот на гениталиите. Сепак научниците велат дека и тие имаат своја намена. Срамните влакна имаат две функции, едната била важна во минатото кога тие ги штителе гениталиите, но другата е да ги зачувуваат сексуалните мириси така наречени феромони и да ја поттикнуваат желбата за секс кај партнерот – велат научниците.

Семената течност е природен антидепресив

44Во семената течност има само 5% сперма, се друго се разни состојки кои имаат различно дејство врз организмот. Последното истражување покажало дека семената течност е одличен антидепресив, како и извор на разни други здрави материи, минерали и хормони. Интересно е да се знае дека исфрлањето на семената течност кај здрав маж за време на ејакулација изнесува околу 45 км/час.

Целерот моќен афродизјак

Целерот е еден од ретките докажани афродизјаци кои ги прават мажите повеќе привлечни. Целерот го поттикнува лачењето на феромони што директно влијае на сексуалната желба на партнерката.

 

(извор.doktori.mk)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment