MKDNews.com

Напаѓач убил шест лица, полицијата пукала во него (видео)

јули 27
07:49 2013

Шест лица се убиени во текот на изминатата ноќ во една зграда во јужниот дел на американската држава Флорида, јавува Associated Press, додавајќи дека по неколкучасовната драма со заложници, полицијата го убила напаѓачот.

По пукањето во градот Хајалји напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен, земал двајца заложници. Засега не е познат мотивот за убиството.

Полициски извори велат дека заложниците не се повредени, а во зградата се пронајдени најмалку четири жртви.

Најмалку една жртви е пронајдена на улицата пред зградата.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.