Нападнат охриѓанец и неговата сопруга пред берберски дуќан
јули 14
17:10
2013
Синоќа во Охрид на ул.„Абас Емин“, 60-годишниот охриѓанец С.М. физички бил нападнат од страна на 41-годишниот А.Џ.
Како што објаснуваат од МВР, синоќа околу 20 часот, кога А.Џ. го здогледал С.М. пред берберницата со својата сопруга, прво почнал да му се заканува, а потоа и да го удира со тупаници по главата и телото. Тој ја нападнал и сопругата на С.М. за на крајот да извади пиштол од своето возило со кој повторно се заканувал па заминал во непознат правец.
На повредениот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид каде се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment