Наместо „МРТ“, “РТС“ сними Документарец за 50 годишнината од скопскиот земјотрес (видео)
Додека нашата национална телевизиска куќа е преокупирана со владините успеси, српската “РТС” најде време и сними специјална документарка за 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Скопје пред половина век-денот кој ја разниша Југославија“ е документрецот кој по поводот 50 години од катастрофалниот земјотрес го подготви РТС.
Одличен новинарски пресек за сите последици кои и се случија на македонската престолнина половина век по земјотресот беше емитуван синоќа на државната српска телевизија. За разлика од нас, ваков проект на 50-годишнината се присети да направи РТС.
Погледнете како функционирала, во тоа време, најголемата и најбрзата хуманитарна акција дотогаш видена во која учествувале над 70 земји од целиот свет – и од истокот, и од западот. По трагедијата, долги години во СФРЈ, околу 15% од националниот доход одел за обнова на Скопје.
Помогнаа 74 земји, и Исток и Запад. Во СФРЈ со години се издвојуваа околу 15 проценти од националниот доход за обнова на Скопје, потсетува РТС.
Новинарката се осврнува и на тоа кој се дошол во Скопје да му помогне на градот, колку е сменета етниката структура и што остана од старото Скопје.
Документарецот можете да го погледнете подолу
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment