MKDNews.com

Најскапата луксузна улица на светот (фото)

јули 13
19:31 2013

Гинза е името на првата улица за шопинг во Јапонија. Таа се наоѓа во Токио и денес целиот регион околу булеварот е најголемиот забавен кварт во земјата. Кириите на овој дел неретко се околу неверојатни 500 евра за метар квадратен.

Со текот на годините Гинза, не само што стана еден од најпопуларните населби во Токио, но и едно од најдобрите места за забава во земјата. Другите јапонски градови се обидуваат да го имитираат Токио преку создавање на сопствена Гинза, па концептот стана синоним за луксузен шопинг.

Оригиналната Гинза во Токио е една од најскапите улици во светот. Освен сите водечки продавници на луксузни брендови како „Louis Vuitton“, „Chanel“, „Gucci“, „Dior“, па дури и продавница на Епл со џиновски димензии, во регионот има и одлични ресторани, хотели, театри, кина, ноќни клубови, продавници, како и културни институции како музеи и уметнички галерии.

За време на викенд движењето по Гинза за возила е забрането, а улицата со луксузни продавници станува пешачка зона.

39-564x425

113-564x421

210-564x422

410-564x422

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.