MKDNews.com

На соседите им кажале дека се на одмор, и 10 дена се заклучиле дома

јули 15
22:16 2013

Семејството на Неделко Ачимовиќ се заклучило во станот за соседите да мислат дека заминале на одмор, но нивната лага била откриена, пишува српски Курир

Семејството Ачимовиќ од Бања Лука, поминало десет дена заклучено во нивниот стан, за нивните соседи да мислат дека заминале на одмор кој долго го планирале.

Нивната лага ја забележал соседот, кога постариот син на Неделко, Милош, доцна во ноќта излегол да го фрли ѓубрето.

Соседот Д.Г. раскажува дека го видел Милош како доцна во ноќта се искрадува со голема црвена кеса за ѓубре.

-Се зачудив затоа што рекоа дека одат во Грција на море, а мене ме задолжија да им го чувам станот, затоа што нема да бидат тука 15 дена. Почекав да се врати Милош за да го прашам зошто се вратиле порано. Тогаш открив дека блефираат, туку дека купиле се што им треба, ги затемниле прозорите и се заклучиле во станот- вели Д.Г.

По упорните обиди на новинарите да го добијат семејството Ачимовиќ, успеале во својата намера. Семејството ја признало својата лага.

-Ни беше срам, затоа што секоја година одевме на одмор, барем во Хрватска или Црна Гора, а понекогаш и во Грција. Меѓутоа, оваа година поради лошата финансиска состојба не можевме да си дозволиме одмор, а соседството е такво што веднаш ќе ни се смеат. Гледате како не издаде соседот во јавноста. Е дај Боже тој да летува на
клиничкиот центар Папирковац- луто раскажува Неделко.

И покрај шалите кои сега ги добива на своја сметка, Неделко вели дека убаво се одморил во својот стан и дека одмор не му е ни потребен.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.