MKDNews.com

На самитот „Македонија 2025″ најавени врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер

јули 26
16:41 2013

MACEDONIA2025 (11)На Глобалниот инвестицискиот самит „Македонија 2025″, кој годинава ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид, свое присуство потврдиле врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер, истакна денеска на прес-конференција петседателот на Бородот на директори на „Македонија 2025″, Мајк Зафировски.

Зафировски го потенцираше значењето на овој самит, надоврзувајќи се на ланскиот на кој присуствуваа 350 врвни домашни и странски бизнисмени, дипломатски и владини претставници. Тој порача дека и оваа година организаторот, „Македонија 2025″ очекува голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори. Регистрацијата е отворена и веќе постои голем интерес кај компаниите за учество.

– Имавме фантастични оценки од учесниците за панелите, говорниците, организацијата и можностите за бизнис средби. Минатата година на наше големо задоволство специјални гости говорници беа Сами Елхаџ – Нокиа Сименс, Др. Курт Гајгер – Рајфајзен Банк и Хубертус ван дер Ваарт – СЕАФ, а оваа година до овој момент имаме потврдено 15 говорници на тема иновации, истражување и развој и претприемништво. Имам чест да најавам некои од врвните директори на светски познати корпорации кои доаѓаат во Охрид како потврдени говорници: Сенди Ог – еден од главните партнери во Блекстоун, Крис Галвин – поранешен прв човек на Моторола, Златко Тодорчевски – главен финансиски директор во Брамблс, Ален Мидлтон – извршен директор на Шулих Школата за Бизнис (една од десетте најдобри бизнис школи во светот) и доктор Џон Кол од Бомбардиер – рече Зафировски.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.