MKDNews.com

На мажите им здодеа први да иницираат секс

јули 14
06:20 2013

Сите теории дека мажите се ловци, а жените плен, треба да пропаднат во вода, особено кога е во прашање сериозна врска. Конкретно за сексот, мажите понекогаш чекаат партнерките да го направат првиот чекор.

Додворување, заведување, опседнатост и молење за секс… ова го очекуваат жените од своите партнери. Но, тие не сфаќаат дека нема да бидат наметливи ако понекогаш ја преземат иницијативата.

3736058_f520Според резултатите од истражувањето спроведено од Универзитетот во Калифорнија, дури 72 отсто од мажите изјавиле дека им здосадило секогаш тие да ја земаат ситуацијата во свои раце и потајно посакуваат тоа да го прават нивните партнерки.

Се покажало дека само 25 отсто од девојките на возраст од 18 до 24 години понекогаш се осмелуваат да го направат првиот чекор кон спалната соба. Сепак, современите дами имаат многу поголема самодоверба отколку повозрасните генерации.

Факт е дека жените сакаат да иницираат секс, но тоа не го прават поради одредени стравови и предрасуди. Затоа, мажите нека се потрудат да ја опуштат својата партнерка и да променат нешто.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment