MKDNews.com

Муслиманското братство повика на востание

јули 08
19:38 2013

Египетското Муслиманско братство денеска повика на востание, откако армијата пукаше врз демонстранти-приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси. Во инцидентот беа убиени 35 луѓе.

Партијата за слобода и правда – политичко крило на Муслиманско братство, преку соопштение, го повика „народот на Египет на востание против оние што се обидуваат да му ја одземат револуцијата со помош на тенкови“.

Партијата побара и помош од меѓународната заедница да интервенира за да се спречат нови убиства и појава на уште една Сирија во арапскиот свет.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.