MKDNews.com

Москва: “Хомофобија – религија на ѓубрето” (видео)

јули 14
17:56 2013

Денеска на Црвениот плоштад во Москва, ЛГБТ активисти развиорија знаме со натпис “Хомофобија – религија на ѓубрето” и извикуваа слогани “Фашистичка Дума – срамота за Русија“, “Доста промовирате омраза”, “Хомофобијата – тоа е фашизам”.

При тоа беа притворени петмина демонстранти поради прекршување на правилата за митинг или протести.

На почетокот на месецот, британската актерка Тилда Свинтон се појави на Црвениот плоштад со знаме со виножито во знак на протест против хомофобичниот закон наречен „Законот на Мизулин“, кој претседателот Владимир Путин го потпиша на 30 јуни.

ЛГБТ активистите во Москва летово одржаа неколку некоординирани протести.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.