Морси и формално во притвор
Египетските власти одредија и формален притвор за соборениот исламистички претседател Мохамед Морс, под сомнение дека работел со палестинските милитантни активисти, зголемуваки ги тензиите за време кога десетици илјади негови приврзаници и противници на протестираа на улиците низ целата земја.
Одговарајќи на покана на шефот на египетската армија Абдел Фатах ал-Сисија да се соберат денеска и да му дадеат мандат да се бори против “тероризмот”, илјадници луѓе излегоа на улиците во градовите низ целата земја, и го поздравија ветувањето дека војската ќе се соочи со насилство што го предизвика уривање на Морси на 3 јули, соопшти Ројтерс.
Во исто време, поддржувачи на соборениот исламистички лидер протестираат на улиците барајќи тој да се врати на власт.
Две лица загинаа денеска во Александрија, на судирите меѓу поддржувачите на соборениот претседател и оние кои го поддржуваат на египетската армија, објавија државните медиуми, повикувајќи се на болнички извори.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment