MKDNews.com

Момчето кое ја уби српската манекенка осудено на 35 години затвор!

јули 05
15:31 2013

Darijan-Musić-Vladislava-cervenko22
Даријан Мушиќ (26) денеска е осуден во Врховниот суд во Нови Сад на 35 години затвор поради убиство на новосадската манекенка Владислава Червенко.

Мушиќ мирно ја слушаше пресудата, а потоа ѝ се обрати на својата мајка: „Не грижи се мамо. Мене затворот ми е како екскурзија“.

Мушиќ ја претепа манекенката до смрт на 13 ноември 2012 година во својот стан во новосадската населба Лиман. Телото на несреќната девојка е пронајдено на подот од спалната соба со многубројни повреди.

По бруталното убиство, Мушиќ побегна од Нови Сад, а по неколку денови подоцна беше уапсен на подрачјето на Нови Пазар

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment