MKDNews.com

Младо момче се давеше во Охридско езеро

јули 07
17:20 2013

Дваесет и две годишен гостиварец утрово бил спасен од водите на Охридското Езеро, кај плажата Славија, јавува OhridNews.

Според порталот, момчето со хендикеп се давело во водите на Охридско, но, за среќа, граѓаните кои во моментот биле на плажата веднаш интервенирале и го извадиле од водата. Прва помош му пружил лекар кој случајно се нашол на плажата.

Спасителите на Црвениот крст веднаш пристигнале и му дале вештачко дишење на младиот гостиварец.

„Веднаш била извршена реанимација и вештачко дишење, по што давеникот е пренесен во охридската општа болница“, истакнал Сашо Точков од Црвен крст Охрид, за ohridnews.

Според него, овој инцидент треба да ги натера концесионерите на охридските плажи да ангажираат обучени спасители на вода.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.