MKDNews.com

Милиони верници ја исполнија Копакабана

јули 28
10:36 2013

Околу три милиони луѓе се собраа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро за ноќно бдеeње ,пред Литургијата, со која папата Францис ке  ги  затвори Светските денови на католичката младина. Тоа ке биде  кулминација на петдневниот фестивал.

World_Youth_Day_pilgrims_fill_the_beach_during_the_Saturday_night_prayer_vigil_on_Copacabana_Beach_July_27_2013_Credit_Michelle_Bauman_CNA_CNA_7_27_13

Папата Францис ги повика младите луѓе да бидат силата за промена во општеството и за обновување на римокатоличката црква.
Поглаварот на Римокатоличката црква исто така, побара духовниците да ја напуштат удобноста на своите цркви и да стигнат до маргинализираните групи. Според зборовите на папата Францис властите и лидерите на граѓанското општество мора да користат дијалогот како алтернатива на “себичните  рамнодушните и насилните протести”.

Стотици илјади верници распнаа шатори и вреќи за спиење на Копакабана за ноќното бдение во очекување на неделната литургија.

Со зголемување на народот верници го  бомбардираа  папата со секакви подароци – од фудбалски дресови до знамиња и цвеќиња…
ad8197a68b

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.