MKDNews.com

Мето Колоски : Клучните земји да ги направиме наши пријатели

јули 21
04:41 2013

За да се отстанат пречките за евроатланстката организација, Македонија треба да ги унапреди билатералните односи со клучните земји како што се Франција, Германија и САД и да создава пријатели во Европа и во светот. Мора да ги унапредува односите и со соседите, особено со Бугарија и Грција, иако има отворени прашања со нив. Ова го истакнува Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора(ОМД), во интервју за МИА.

107985297Според него, нема гаранции дека промената на името ќе значи веднаш влез во НАТО и ЕУ. Неопходна е, вели, поголема обединетост за прашањето за името и националните интереси.

-Во Македонија треба поголема обединетост кога станува збор за прашањето за името, како и другите битни приоритети на Македонија. Доколку тоа не се случи, се разбира дека ќе има фактори кои ќе сакаат да и наметнат нешто на Македонија, Мето Колоски – претседател на ОМД.

ОМД интензивно лобира за признавање на уставното име, особено во Австралија, Франција и Германија. Засега нема најави за такво нешто во блиска иднина. Настојувањата на ОМД се да ги анимира Македонците низ светот активно да ги промовираат интересите на Македонија. Проценка на организацијата е дека надвор од Македонија живеат меѓу два и 4,5 милиони Македонци.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.