MKDNews.com

Месиќ: Без Милошевиќ, Југославија ќе влезеше во ЕУ

јули 03
17:37 2013

mesic-s-Југославија можеше да стане членка на Европската Унија, но Слободан Милошевиќ, наместо тоа сакаше да создаде голема Србија- изјави Стјепан Месиќ.
Поранешниот претседател на Хрватска во интервју за агенцијата Анадолија, реагираше на изјавата на лидерот на РС, Милорад Додик, кој порано изјави дека сите земји од поранешна Југославија би можеле заедно да влезат во ЕУ.
Месиќ вели дека е јасно оти Југославија можела да влезе во ЕУ, но бидејќи никој не бил задоволен со моделот на федерацијата, морала да се смени и да стане конфедерација.
-Тоа можеше да се случи. Меѓутоа, Милошевиќ не сакаше ниту федерација, ниту конфедерација. Тој сакаше на урнатините на Југославија да создаде голема Србија! Го лажеше светот дека се бори за Југославија, затоа што на тој начин добиваше меѓународна поддршка, а Србите ги лажеше дека ќе живеат во една држава. Сето тоа заедно, за нас беше трагично. Сето тоа заврши со катастрофа- нагласува Месиќ.
Според него, југоисточниот дел од Европа нема да биде изолиран.
-Сметам дека што се однесува на остатокот од Европа, истиот мора да биде вклучен во здружената Европа, а тоа значи целиот југоисток на Европа. Секако дека Босна има проблеми, затоа што Дејтонскиот договор ја прекина војната, но не воспостави механизми по кои државата би можела да функционира. Додека само еден дел од Босна функционира како држава, дотогаш БиХ не може да функционира како целина. Тука меѓународната заедница нешто мора да направи. За мене тоа е поголем проблем од Косово- вели тој.
Како што вели, Косово сега е техничко прашање.
-Косово ги има сите елементи на државност, има признание и може да функционира и има меѓународна легитимност. Србија, потпишувајќи договор со Приштина, тоа политичко прашање го претвори во техничко. Проблемот е, повторно велам БиХ, затоа што тука меѓународната заедница мора да помогне да се исклучат од политиката, сите елементи кои не ја признаваат БиХ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment