Менинг не е виновен за помагање на непријателот
Американскиот воен суд денеска го прогласи за виновен војникот Бредли Менинг за повеќето точки од обвинението, но не и за најсериозната помагање на непријателот, пренесува МИА
Менинг беше обвинет за давање доверливи информации на Викиликс.
Судијата Дениз Линд соопшти дека Менинг, кој е обвинет за најголемото изнесување на доверливи информации во американската историја откако предаде најмалку 700.000 документи на Викиликс, не е виновен за најтешкото обвинение, помагање на непријателот.
Доколку Менинг беше прогласен за виновен и за ова обвинение ќе се соочеше со доживотна казна затвор.
Поранешниот аналитичар на разузнавачката служба Менинг (25) изјави дека не верувал дека информациите што ги објавил би можеле да ги загрозат војниците во Авганистан и во Ирак или да ја загрозат националната безбедност.
Во завршното обраќање на судењето, воениот обвинител мајор Ешден Фејн, изјави дека Менинг е „неодговорен, себичен предавник, кој знаел дека непријателите на Америка ќе дојдат до податоците што ги предал на Викиликс“.
Фејн истакна дека Менинг минал низ обука и знаел дека документите што ги предава би можеле да дојдат во рацете на терористи.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment