MKDNews.com

Меџити:За ДУИ Горна Македонија е прифатлив прдлог

јули 21
11:05 2013

И ние и народот сме уморни од избори, премногу ги имаше, ние сме повеќе да се осврнеме и да ги решиме проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори.

Меѓународната заедница да ја користи ДУИ за да издејствува побрзо решение на спорот за името, не гледам ништо лошо во интерес на граѓаните. Приоритет на сите граѓани во Република Македонија е да се реши овој и другите проблеми бидејќи единствената алтернатива ни е ЕУ и НАТО. Вака во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.  

Тој на изјавата на премиерот Никола Груевски, дека ако се принудени ќе има предвремени избори, одговара дека и ДУИ, а и народот се уморни од избори, затоа што премногу ги имаше, па оттука партијата е повеќе за тоа да се решат проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори.

На прашањето: Дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му одигра зад грб на премиерот Груевски со неговата изјава дека последниот предлог на Нимиц е Горна Македонија или тоа е дел од некое сценарио, Меџити одговара:

– Наш став беше дека нема да прифатиме име кое ќе има предзнак југословенски и две-три коишто беа спорни, а сè друго е прифатливо. И Горна Македонија, ние уште на самиот почеток јавно кажавме дека е прифатлив предлог.

Потпретседателот на ДУИ истакнува дека можеби со ВМРО-ДПМНЕ имаат различни ставови понекогаш за името, но дека причина за последните преписки преку медиумите не е тоа дека коалициските партнери меѓусебно не комуницираат.

– Мислам дека не може да се постави таква паралела. Ние не сме праќале пораки преку медиумите, пораките и мислењата ги даваме таму каде што е потребно, на маса, преговараме околу тоа без разлика што на моменти можеби имаме различни ставови, но во никој случај не сме пратиле порака преку медиумите за подобрување или влошување на односите меѓу коалициските партнери. Во однос на името и другите прашања, легитимно е да бидат информирани и граѓаните и членовите кои се нашите размислувања и на каде одат работите – вели потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во интервју за Радио Слободна Европа.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment