MKDNews.com

Масовен глад на земјата во 2050 година

јули 06
21:00 2013

До 2050 година населението на планетата ќе се зголеми за 2,5 милијарди луѓе, достигнувајќи 9,6 милијарди, прогнозираат научници од Минесота.
Порастот на населението ќе доведе до голема побарувачка на храна. Производителите ќе можат да одговорат само привремено на зголемената потрошувачка на производи чија цена  вртоглаво ќе расте. Што значи дека повеќе луѓе ќе страдаат од неухранетост.
Проблем ќе биде и глобалното затоплување.
Зголеменото количество на стаклени гасови и штетни издувни материи, исфрлени во атмосферата, постепено ќе ги оштетат дрвјата и посевите. Тоа ќе го намали обемот на земјоделското производство.
Поради зголемената популација на Земјата ќе биде потребно удвојување на обемот на земјоделското производство, но тоа тешко ќе е можно поради штетата од глобалното затоплување.
Па до 2050 година голем дел од жителите на планетата ќе се соочат со глад.
Најзагрозени се најнаселените земји- Индија и Кина.
Како да се избегне гладот?
Да се намалат штетните емисии во атмосферата и производството на горива, јаглен и слично енергенси треба да биде заменето со ветерници и соларни паркови.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.